ВИДЕО | ДАЛИ Е МОЖНО ТИЕ ОВА ДА ГО НАПРАВАТ НА НИВНАТА ЛЕГЕНДА ?! Навивачите на Ал Хилал ја понижија иконата на клубот поради Нејмар !?

Навивачите на Ал Хилал ја понижија легендата на клубот и предводник на репрезентацијата на Саудиска АрабијаСалем Ал Даусари поради скапиот Бразилец Нејмар.

Во петокот Ал Хилал убедливо го совлада Ал Ријад со резултат 6:1, а Бразилецот Нејмар, кој пред неколку недели пристигна во клубот од ПСЖ за неверојатна сума пари, ги одигра првите минути во дресот на актуелен шампион на Саудиска Арабија.

Навивачите со нетрпение го очекуваа неговото деби. Играше половина час и успеа да забележи асистенција, но не се запиша меѓу стрелците, а симпатизерите на богатиот клуб за тоа ја обвинуваат нивната легенда – Салем Ал Даусари.

Фудбалерот кој со одлична игра ги засени скапите засилувања на својот клуб беше нападнат од навивачите бидејќи не го пушти Нејмар да го изведе пеналот во 87. минута.

Имено, при резултат 4:0 беше досуден пенал за Ал Хилал и навивачите се надеваа дека Нејмар ќе добие шанса да постигне гол на своето деби. Сепак, Салем Ал Даусари решил да го изведе казнениот прекршок.

Тоа не им се допадна на навивачите кои ја исвиркаа нивната клупска легенда додека тој ја ставаше топката на белата точка. Јасно се гледаше дека е во целосен шок и дека однесувањето на навивачите влијаеше на него, но тој успеа да ја задржи присебноста и да ја затресе мрежата за 5:0, а целиот тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Самиот Нејмар разбра дека однесувањето на симпатизерите на Ал Хилал е непримерно, па веднаш му пријде на соиграчот и му понуди поддршка.

Десетина минути подоцна Салем Ал Даусари уште еднаш ја затресе мрежата и постигна хет-трик во натпревар кој за жал ќе остане запаметен по големото понижување кое го доживеа.

Овој 32-годишен фудбалер израсна во Ал Хилал и претходно беше најдобар играч и прва ѕвезда на клубот, но со доаѓањето на светските ѕвезди навивачите очигледно го заборавија тоа. Тој постигна шест гола на шест натпревари оваа сезона.