ВИДЕО | “ДАЛИ Е ОВА МОЖНО !?“ – Овој човек си ја лажирал сопствената смрт за да види кои од неговите роднини и пријатели ќе дојде на погребот – тоа што го направил, семејството ќе го памети за цел живот!

Дејвид Бартен (45 г.) сакал да знае кој ќе дојде на неговиот погреб, но сакал и да ги „научи“ своите роднини повеќе да го ценат, па решил да ја лажира сопствената смрт.

Овој драстичен и бизарен потег на овој човек шокираше многумина на Интернет, а ова се деталите.

Дејвид Бартен, кој на социјалната мрежа Тик Ток е доста познат, ја испланирал лажната смрт и погребот заедно со својата сопруга и нивните деца. Тој и рекол на една од неговите ќерки да објави дека тој починал, а таа потоа напишала низа емотивни пораки на социјалните мрежи, од кои едната гласела: „Зошто е животот толку нефер ? Зошто ти ? Требаше да бидеш дедо, ти го имаше твојот живот пред тебе. Те сакам! Те сакаме! Никогаш нема да те заборавиме“.

Тој организирал лажен погреб минатиот викенд во Белгија, а додека се собирале многу од неговите роднини, тој слетал со хеликоптер на местото.

@netflix.replay.off

Un Hélicoptère survol le lieu où se déroule l’enterrement de @Ragnar_le_fou #pourtoi #Netflixreplayoff #ragnarlefou

♬ son original – Netflix.Off

Здраво на сите, добредојдовте на мојот погреб“, им рекол тој на присутните, пренесува Daily Mail.

Според видеото објавено на Тик Ток сите присутните останале запрепастени, а некои притрчале кон него и започнале да го гушкаат, додека други беа во целосен шок.

Неговите следбеници му кажуваат дека направил суров потег.

Она што го гледам во моето семејство често ме боли. Не ме канат на никакви семејни настани. Сите се игнорираме. Сите се разделивме. Се чувствувам како да не ме почитуваат. Затоа сакав да им дадам оваа животна лекција и да им покажам дека не треба да чекате некој да умре пред да направите нешто“, напишал тој во описот на видеото.