ВИДЕО | ДАЛИ КАРИЕРАТА НА БРЕД ПИТ ЗАПОЧНА ВО ЈУГОСЛАВИЈА !? Беше млад и слаб, а прва филмска мајка му беше една од најубавите актерки на овие простори, погледнете!

Бред Пит, еден од најпочитуваните актери во Холивуд, ја започна својата кариера пред повеќе од 30 години. Зад него има бројни успешни филмови во кои брилијантно ги игра главните улоги, но првата главна улога тој ја играше во поранешна Југославија, поточно на црногорското приморје, а глумеше рамо до рамо со филмските диви Милена Дравиќ и Горица Поповиќ.

Филмот „Dark Side Of The Sun“ („Темната страна на сонцето“) ја раскажува приказната за младиот Американец Рик Клејтон кој поради ретка кожна болест доаѓа на Јадранот со семејството да се лекува. Мајката на Рик Клејтон во филмот ја игра добро познатата Милена Дравиќ, а самиот филм се снимал во текот на летото 1988 година во Котор и околината, но поради распадот на Југославија, „Dark Side Of The Sun“ не беше завршен до 1997 година. Режисер на филмот бил Божидар Бота Николиќ, а сценариото го напишале Ендрју Хортон и Жељко Мијановиќ.

слика
Милена Дравиќ

Режисерот Божидар Бота Николиќ од 400 кандидати за главна улога го избрал Бред Пит, а актерот многу се радувал на изборот, иако за седум недели снимање му била платена симболична цифра од 1.523 долари. Неколку години подоцна, започна неговиот подем како актер. Во 1994 година, Бред Пит глуми во филмот „Interview with the Vampire“, а потоа ги сними филмовите „Legends of the Fall“ и „Seven“. Понатаму, во 1997 година ги сними „Devil’s Own“ и „Seven Years in Tibet“, филмови со кои Бред Пит стана еден од најпопуларните холивудски актери.

Како што пишува Kurir.rsГорица Поповиќ, една од југословенските актерки што играла во „Dark Side Of The Sun“, се присетила на снимањето со Бред Пит. Фасцинирана од неговиот професионализам и талент, таа истакна дека Бред Пит тогаш бил „млад и слаб, но и сериозен професионалец“.

Брилијантно ја одигра улогата на момче кое не смее да биде изложено на сончевите зраци. Дојде да се лечи кај еден наш ‘бикар’ и таму најде љубов“, вака го раскажала Горица Поповиќ своето искуство од снимањето.

Интересно е што Горица Поповиќ не сочувала ниту една фотографија со Бред Пит, туку го чува оригиналниот филм на VHS лента, како драгоцен спомен на едно посебно време.