ВИДЕО | ДАЛИ ОВА Е НАЈСЛАТКИОТ МОМЕНТ ОД МАСТЕРСОТ ВО ПАРИЗ ? Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина: Девојчето овој момент ќе го памети цел живот

Новак Ѓоковиќ продолжи да доминира во светот на тенисот.

Српскиот ас ја освои титулата на Мастерсот во Париз победувајќи го Григор Димитров во два сета, а по финалниот натпревар ја воодушеви цела планета.

Прво, тој беше главен „актер“ во спречување на трагедија кога група обожаватели за малку ќе прегазеа девојка, која потоа самиот Новак Ѓоковиќ ја тешеше, а потоа тој остави спомен до крајот на животот на друго дете.

Едно девојче побарала автограм од Новак Ѓоковиќ, а тој ја покажал сета своја големина. Застанал, разговарал со неа и снимката од нивната средба стана најслаткиот момент на Мастерсот во Париз, а видеото од тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Набргу, снимката од нивниот разговор стана вирална и ја обиколи планетата и ги воодушеви обожавателите во секој агол на светот.