Лидерот на Хамас опколен во бункер!? Израелската армија тврди дека го лоцирала

Галант ја објави бомбастичната вест

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан го потврди присуството на израелските сили во срцето на градот Газа. Тој наведе и дека наводниот лидер на Хамас во Газа бил опколен во бункер, но не прецизираше во кој дел точно на градот.

Галант изјави дека војската го изолирала лидерот Јахја Синвар  во неговиот бункер.

Говорејќи пред новинарите на прес-конференција, Галант инсистираше на тоа дека Синвар е „отсечен од неговата околина“.

Тој, исто така, повика на „хуманитарна пауза“ и побара од Хамас да ги ослободи заложниците, истовремено означувајќи го градот Газа како „најголемата терористичка база изградена од човек“.

Покрај тоа, тој инсистираше на тоа дека Израел не сака да ја прошири својата кампања од Хамас и да влезе во конфликт со Хезболах.

– Израел нема да владее со Газа по војната, ниту Хамас – истакна тој за време на своето обраќање.

Исто така, премиерот Бенјамин Нетанјаху утринава рече дека Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ во Газа „на неодредено време“, додека Галант додаде дека „нема да има хуманитарна пауза додека не се вратат заложниците“.