ВИДЕО | Дали сте го пробале овој десерт од лимон? Освежителен со само три состојки

Овој десерт од лимон е еден од оние освежителни задоволства кои се идеални за топлите летни денови. Не само што е визуелно интересен, туку нуди и неверојатна арома и вкус.

Според креаторот на овој рецепт, кремастиот десерт од лимон бил инспириран од десертот направен на брегот Амалфи, кој многумина го сметаат за најромантичниот брег на Италија.

Состојките што ќе ви бидат потребни се: лимон, крем од кокос и јаворов сируп. Меѓутоа, во отсуство на кокос крем и јаворов сируп, состојките можете малку да ги прилагодите. На пример, наместо крем од кокос, можете да користите цврст јогурт, а наместо јаворов сируп, можете да користите мед.

Подготовка:

Најпрво потребно е да се замрзне кремот од кокос, а тоа најдобро се прави со помош на калап за мраз. Потоа потребно е да се подготви лимонот. Еден лимон исцедете го, а останатите исечете ги според упатството.

За почеток, треба да го исечете најголемиот дел од лимонот од едната страна. Потоа, од другата страна, исечете ги врвовите на лимоните. Ова ќе му помогне на лимонот да стои исправено. Не фрлајте ги овие делови бидејќи ќе послужат. По сечењето извадете ја пулпата од лимон и ставете ја во замрзнувач.

Врвот на лимонот ставете го на дното на исечениот лимон. Ова ќе ви овозможи да ги запечатите сите дупки на дното и да го држите лимонот исправен. Исцедете еден лимон, истурете го во блендер и додајте коцки крем од кокос, замрзнат лимон и јаворов сируп или мед.

Вклучете го блендерот неколку минути или додека не добиете изедначена смеса. Со смесата наполнете ги лимоните и на крајот додајте го исечениот дел. Овој десерт можете повторно да го замрзнете или едноставно да го послужите веднаш.