ВИДЕО | ДВЕ ЖЕНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО АВИОН – Драма на небото: Крв насекаде, патниците врескаат

На лет на нискобуџетната авио-компанија „Ryanair“ се случила драматична расправија и тепачка, а еден патник останал со повреда на носот.

Летот од Бристол до Тенерифе во понеделникот бил вистински хаос, а патниците врескале и паѓале на подот.

На видео кое кружи на Интернет, две жени се караат меѓу седиштата, додека другите патници викаат и врескаат.

Една од жените, раскрварена од носот, станува и вика: „Пријателу, таа и тој“ и покажува кон преминот на авионот. Не е јасно за што ги обвинила другите патници, но очигледно е многу вознемирена. Потоа патничката покажува кон својот крвав нос и вели: „Погледни“. Непознат женски глас потоа вели: „Јас не го направив тоа!“.

Крвавата патничка возвраќа: „Тој е!“, потоа повторно покажува кон патеката на авионот.

Жената со крвавиот нос потоа продолжува: „Каде е мојот телефон ? Мојот телефон е на подот!“, а снимањето престанува во тој момент.

Ryanair“ соопшти дека полицијата била повикана кога авионот слетал на шпанскиот остров.

Менаџерот на авиокомпанијата изјавил:

Екипажот на летот од Бристол до Тенерифе однапред повика полиција кога патник почна да го попречува летот. Авионот беше пречекан од локалната полиција при пристигнувањето на аеродромот во Тенерифе и проблематичниот патник беше отстранет. Сега ова е прашање на локалната полиција“.