Бен Гвир се закани дека ќа ја собори израелската Влада доколку не продолжат борбите во Газа

Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир се закани дека ќе ја урне Владата доколку Израел не ја обнови војната со Хамас, во момент кога се преговара за ново продолжување на примирјето.

„Запирање на војната = распаѓање на владата“, рече Бен Гвир во изјавата.

Екстремно десничарскиот Отзма Јехудит на Бен Гвир има шест места во коалицијата и има тројца министри во 38-члениот кабинет.

И покрај заканата на Бен Гвир, владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе го преживее напуштањето на Бен Гвир, имајќи ја предвид континуираната поддршка на партијата Национално единство на министерот Бени Ганц, која се приклучи на Владата во екот на војната во Појасот Газа.