ВИДЕО | Две жени се степале во кино на проекција на филмот Барби, луѓето морале да ги разделат

На СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ се шири видео од кино во Бразил во кое две жени се расправаа, а потоа се степаа на крајот од проекцијата на хит филмот Барби.

Дете гледало во мобилен телефон во кино
Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречеше на луѓето во киното, а една жена ја предупреди. Набрзо започнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што таа паднала на седиштата.

Тепачката ја прекина еден човек додека збунетите посетители стоеја на страна и гледаа што се случува. 

Бурни реакции 

Видеото предизвика бурни реакции, а додека едни сметаат дека детето не требало да гледа во мобилен телефон во кино, други сметаат дека жената на која тоа и пречело реагирала премногу бурно. 

За потсетување, Барби е во кината од 21 јули, а веќе во текот на првиот викенд од прикажувањето стана филм со најголема заработка во 2023 година .