ШОЈУ ПРИСТИГНА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Приреден спектакуларен пречек, откриена причината за посетата на рускиот министер за одбрана

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигна во Северна Кореја за да присуствува на прославата на 70-годишнината од примирјето во Корејската војна, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Руска воена делегација предводена од министерот за одбрана генерал Сергеј Шојгу пристигна во Демократска Народна Република Кореја во Пјонгјанг, се вели во соопштението.

Рускиот министер на аеродромот го пречека неговиот севернокорејски колега Канг Сун Нам, се додава во документот