ВИДЕО | Девојка по три години пронашла таен отвор во плакарот во нејзиниот дом кој води до застрашувачко место: “Подобро исели се веднаш!“ – погледнете
Сопственичка на куќа од Калифорнија открила таен отвор што води во скриена соба во нејзиниот дом, откако живеела таму три години.
Жена по име Џулија Хенинг на социјалната мрежа Тик Ток обијави видео и објасни дека додека го чистела нејзиниот плакар забележала мала кружна дупка на подот што и го одзела вниманието. Кога ја отворила ‘вратата’, наишла на низа нестабилни скали кои воделе во темен подземен простор.
Таа ја вклучила камерата на телефонот и почнала да снима, а нејзиното прво видео собра повеќе од 32 милиони прегледи.
Џулија Хенинг открила и дека претходните сопственици и рекле при купувањето на куќата дека – „малата куќа има големи тајни“, пишува Daily Mail.
Во едно од нејзините видеа објавени на Тик Ток, оваа жена исто така вели дека „се случувале чудни работи“ со текот на годините.
„Никогаш не мислев дека мислеле на скриена соба кога ми кажаа дека куќата има тајни“, вели таа исплашена во видеото.
Откако го пронашла тајниот капак и ја отворила вратата, таа ги повикала службите на полицијата да и помогнат, но таа не сакала сама да се спушти по скалите. Полицијата, вели таа, почуствувала нешто кога влегла во куќата, но и рекле дека не е ништо страшно.
„Не се чуствуваа удобно да одат таму долу“, вели таа.
„Кога влегоа во куќата почувствуваа нешто, а тоа го почуствував и јас тоа пред некој ден. Куќата е дефинитивно проколната“, тврди оваа жена.
По неколку неуспешни обиди да собере храброст да истражува, оваа жена конечно се одлучила до го сними овој простор односно да се симне по ‘страшните’ и мистериозни скали.
„И покрај моето огромно познавање на хорор филмовите, сега сум таа девојка која сама оди во непознат простор“, вели таа во видеото.
Откако се симнала по растурените дрвени скали, нашла две имиња испишани со спреј на ѕидот: Џо и Џон, со црн симбол под имињата.
Просторот се чини дека е стара винарска визба со складиште, а исто така имал и мистериозна мала кука која висела од таванот.
Пронашла и известување за дезинфекција на термит, како и проѕирна тегла во која имало коли-играчки, запалка, метален напрсток и многу други предмети.
Од кога влегла од мистериозниот простор во нејзината куќа, оваа жена тврди дека и се случуваат чудни работи.
„Го заклучив плакарот денот кога го открив отворот, да бев сама дома немаше да можам да излезам. Само смејте се, но навистина е чудно. Вратата не се затвора, околу 3 часот по полноќ имам чудни соништа… Вчера ме посети другарка ми, која откако замина не се чувствуваше баш најдобро“, тврди таа.
Еден следбеник во коментарите ѝ рекол: „Девојко, подобро исели од таму“.
Некои други следбеници и кажале дека нема потреба од драма и се обидуваат да и објаснат дека тоа е винарска визба. Во зависност од староста на куќата, можеби се користела за криење на алкохол за време на забраната за консумирање во САД.