Дербито меѓу ЛА и Галакси урна рекорд според посетеност во американската МЛС лига

 – Градското дерби меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес привлече над 80.000 гледачи на „Роуз Боул“ стадионот и го урна рекордот според посетеност на еден натпревар во северноамериканската фудбалска МЛС лига.

Дербито познато како „Ел Трафико“ што се одигра на Денот на американската независност во Пасадена, предизвика голем интерес, а натпреварот го следеа 82.110 гледачи.

Претходниот рекорд од 74.479 гледачи беше поставен на стадионот „Бенк оф Америка“ во Шарлот во март 2022 година.

Галакси во првите шест сезони своите натпревари ги играше на „Роуз Боул“ по што се пресели на стадионот „Дигнити Хелт Спорт Парк“ во Карсон, Калифорнија, со капацитет од 27.000 седишта.

„Убаво беше што се вративме, не се сеќавам дека некогаш било толку полно тука“, изјави главниот тренер и спортски директор на Галакси, Грег Венеј.

Галакси триумфираше во „Ел Трафико“ со 2-1.