Силва незадоволен поради што не се сретна со Зеленски

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва изрази незадоволство бидејќи немаше одвоена средба со украинскиот колега Володимир Зеленски на Самитот на Г7 во Јапонија, како што беше планирано.

Средбата не била остварена поради преоптоварената агенда на Силва и Зеленски.

– Не бев задоволен, бидејќи би сакал да се сретнеме и да разговараме .Зеленски е возрасен и знае што прави, истакна Силва. 

Тој истакна дека ниту Зеленски ниту рускиот претседател Владимир Путин не сакаат мир. 

– Засега и двајцата се убедени дека ќе ја добијат војната, посочи Силва.

Бразил, кој не воведе економски санкции кон Русија и не се согласи да го снабдува Киев со муниција, и се обидува да се позиционира како Кина и Индонезија како посредник.

Зеленски на Самитот на Г7 во Хирошима доби нови ветувања за воена опрема, како и дипломатска поддршка од земјите-членки на Г7.