ВИДЕО | КАКВО ‘ШОУ’ НА ВЛАДИМИР ПУТИН! Домаќинот на Кремљ угости 8-годишно девојче од Дагестан во неговиот кабинет: “Ви требаат пари ? Сега ќе се јавиме на министерот за финансии!“

Во ретко виден пропаганден потег, претседателот на Русија, Владимир Путин, претходниот ден угости осумгодишно девојче во Кремљ и го повика министерот за финансии пред неа, а таа побара средства за нејзиниот роден град Дагестан, пишува Sky News.

Кремљ објави видео на кое Владимир Путин ги угостува малото девојче Раисат Акипова и нејзините родители во неговиот кабинет, што веднаш беше протолкувано како уште еден во низата обиди на Владимир Путин да покаже дека е близок со народот по бунтот на групата Вагнер.

Владимир Путин вели дека ги поканил девојчето и нејзините родители во Москва затоа што бил „вознемирен“ кога видел видео на кое девојчето плаче затоа што не успеала да го види претседателот за време на неговата посета на Дагестан.

Откако срдечно го гушнал осумгодишното девојче, Владимир Путин на неа и на нејзината мајка им подарил букет цвеќе.

Ова е за тебе, а ова е за мајка ти. Ми покажаа видео на кое плачеш откако го напуштив Дербент (област во Дагестан). За жал, тогаш не можев да разговарам со сите на плоштадот. Твојата реакција ме вознемири, па решив да те поканам тебе и твоите родители во Москва“, и рекол Владимир Путин на девојката.

Целиот настан бил внимателно дизајниран за да го прикаже Владимир Путин како грижлив човек кој во исто време држи сè под контрола, пишува Sky News.

Антон Силуанов, министерот за финансии на Русија, првично звучел збунето од повикот и не одговорил кога девојката го поздравила, но брзо се согласил да испрати дополнителни средства во нејзиниот роден регион во јужна Русија.

Одлично!“, кажал Владимир Путин, а потоа и рекол на девојката: „Имаме пет милијарди рубљи (околу 42 милиони евра) за Дагестан“.

Држејќи букет цвеќе во рацете, девојката му се заблагодари на министерот Антон Силуанов на поттик на Владимир Путин.

Настанот од претходниот ден всушност е продолжение на минатонеделната посета на Владимир Путин на Дагестан кога за него невообичаено се дружеше и се поздрави со поголема група луѓе.

Кремљ ја наведе посетата како пример за „огромната поддршка“ на Владимир Путин што ја ужива во руското општество, само неколку дена откако тој дури ја предупреди јавноста за опасноста од граѓанска војна во Русија поради краткиот бунт на платеничката група Вагнер предводена од Евгениј Пригожин.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од настанот објавени од руските државни медиуми:

слика
слика
слика
слика