ВИДЕО | Девојките не престануваат да ги носат овие ѓердани, а тие кријат мрачна симболика: На Интернет кружи мрачна теорија за накитот кои многумина го обожаваат

Можеби мислите дека таканаречените – чокери – тесните ѓердани што се носат околу вратот, се изум од 90-тите години на минатиот век, но тие всушност постојат долго време низ историјата.

Ги носеле Кинески, Индијки, древни Египќанки… а за секого тие се симбол на нешто друго.

2500 години п.н.е

Според музејот за ликовни уметности во Бостон, златните чокери биле направени од сумерски занаетчии околу 2500 година п.н.е. Се сметало дека тие имаат заштитна моќ и требало да го заштитат носителот од несреќи и болести.

18 век

Во текот на 1790-тите години во Франција, постоела мода младите жени да носат тенки црвени ленти околу вратот како чин на потсмев против аристократијата за време на револуцијата. Она што започна како шега се претвори во моден тренд.

19 век

Во тоа време, чокерите ѓердани не биле ништо за пофалба. Црните или црвените ленти околу вратот на девојчињата обично значеле дека сте во друштво на проститутка. Еден пример за ова може да се најде во познатата слика на Мане – „Олимпија“.

чокери

Меѓутоа, чокерите би можеле да поминат и како обичен моден детал, дури и ако се суди според сликите на Едгар Дега – балетаните таму често имаат црни панделки околу вратот.

20 век

Наскоро чокерската мода ја следеа и дамите од високото општество, па овој тип на ѓердан можеше да се види и на кралските вратови. Така Александра од Данска, сопруга на Едвард VII и царицата на Индија, прославила многу специфичен тип на чокер ѓердан.

Во нејзино време се носеле чокер ланчиња од бисери кои го покривале целиот врат. Популарни биле и кадифените чокери со скапоцен камен во центарот.

Злите јазици велат дека кралицата се обидувала да скрие грда лузна на вратот, но дамите од високото општество не зборувале така – наскоро дамите низ европските дворови носеле широки ѓердани од бисер и дијамант. Тие важеле за симбол на елитата, а најскапите биле рачно изработени и персонализирани така што совршено одговараат на вратот на одредена дама.

После ова, чокерите не беа толку многу во мода до 1990-тите години на минатиот век и популарните лажни чокер ѓердани со тетоважи – сигурно се сеќавате на нив, а веројатно и самите ги носевте.