ВИДЕО | ДЕВОЈЧЕТО КОЕ ГО ОСВОИ ЦЕЛИОТ БАЛКАН! Нина (11 г.) од продажба на крофни собрала доволно пари за да го спаси животот на татко и: “Само за едно попладне продадов 500 крофни!“
По вчерашната вест која го воодушеви регионот за девојчето Нина Нинковиќ од Нови Сад, Србија, како продава крофни за да собере пари за лекување на својот болен татко, денес на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат бескрајни редици луѓе кои стојат во ред за да купат крофни пред нејзиниот штанд.
Мајката на девојчето објави дека парите се собрани и дека Нина Нинковиќ и денес ќе продава крофни, а потоа ќе замине во Москва на лекување за нејзиниот татко.
„Не се плашиме од патот до таму, најдовме луѓе кои ќе ни помогнат. Собираме уште неколку пари и одиме таму да предадеме се и да видиме, па потоа ќе објавиме во која болница сме, а преку социјалните мрежи ќе објавиме и проценка колку чини и ќе контактираме со сите ако треба пари, а ако има премногу пари, ќе ги споделиме со другите корисници на фондацијата“, изјавила за српски Телеграф мајката на Нина Нинковиќ.
Девојчето го воодушевило регионот со идејата да продаде крофни за да собере пари за операцијата на нејзиниот татко, а крофните ги печеле нејзината мајка и баба. Нина Нинковиќ ги продава истите по цена од 100 динари (50 денари).
Толку голем број Новосаѓани денес чекаа на ред за да му помогнат на девојчето да собере пари за нејзиниот татко, а била вклучена и СМС линија за донирање пари.
„Отпрвин сакав да продавам крофни за џепарлак. Но се сетив дека можам да му помогнам на татко ми и да соберам пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малото девојче кое по објавувањето на веста на социјалните мрежи продала 500 крофни за едно попладне, колку што имала на нејзиниот штанд.
Blic.rs вчера напиша дека сега им е потребна помош во подготовката на крофните, кои се продаваат побрзо отколку што може да ги направи нејзината мајка, но набргу на помош се вклучиле и соседите кои се понудиле да помогнат.
Во 2016 година, таткото на Нина го изгубил видот поради одлепување на мрежницата. Во март повторно се појавила аблацијата и била дијагностицирана симпатична офталмија и панувеитис, а животот на Зоран бил загрозен, пишува Blic.rs.
По лекувањето во Србија, на Зоран му е потребна помош за да може да замине на лекување во Москва. Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.