ФОТО | Се мажи една од најубавите жени на светот: Шест години помлад дечко ја запроси на Хаваите

Идилично запросување на плажа на Хаваи ја изненади американската поп ѕвезда, Никол Шерцингер.

Никол објави две фотографии од патувањето на Хаваи, каде што вереникот ја изненади со прстен на плажа. Таа не можеше да ја сокрие радоста и возбуденоста.

Реков „да““, напишала кратко таа во описот на фотографиите, додека Том на својата идна сопруга и рекол: „Моја засекогаш“.

Извори блиски до парот изјавија за Page Six дека тие долго време зборувале за својата иднина.

Никол и Том се запознале во 2019 година кога рагбистот учествуваше во „The X Factor: Celebrity“ со бендот Try Star. Извесен период се шушкаше за нивното раскинување, но и двајцата потврдија дека се уште се во врска.