Хезболах го нападна северот на Израел: Има ранети, меѓу нив и израелски војници, цел на нападот бил Беит Хилел

Најмалку 12 лица се ранети денеска во ракетен напад на либанското движење Хезболах во близина на градот Беит Хилел на северот на Израел, соопштија од Медицинскиот центар Жив во градот Сафед.

Болницата прецизираше дека 11 мажи и една жена се здобиле со полесни повреди од шрапнел, пишува The Times of Israel. Израелските одбранбени сили тврдат дека само четворица војници биле полесно повредени во нападот и дека не е јасно дали другите жртви се војници или цивили.

Сепак, армиското радио известува дека осум од 11-те жртви биле војници.

По нападот од Либан, израелските одбранбени сили биле распоредени на патот кон Мошав во Беит Хилел, во близина на границата. со таа соседна земја.