ФОТО | КАКОВ КИКС НА СРБИЈА – Премиерката на Италија пречекана во Белград со знамиња на Унгарија: Фотографиите од урнебесниот гаф го преплавија Интернетот

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, денеска е во посета на Белград. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречека на аеродромот со голем букет цвеќе, а во знак на добредојде беа поставени и знамиња. Но, проблемот е што ја пречекаа премиерката на Италија – со унгарски знамиња (!?).

Знамињата, како и секогаш при пристигнувањето на странските гости, биле поставени покрај автопатот и главните улици во градот, како и пред палатата „Србија“, каде што се одржува средбата меѓу премиерката на Италија и претседателот на Србија. Пред палатата знамињата беа правилно поставени, но проблемот настанал со поставените покрај автопатот.

Имено, комбинацијата на боите на италијанското и унгарското знаме е иста, но унгарските пруги се поставени хоризонтално, а италијанските вертикални.

Српското знаме било поставено по должина, но нешто залепено со италијанското знаме, ригите не беа правилно поставени, па премиерката на Италија беше пречекана со унгарски знамиња, а како изгледало тоа можете да погледнете ОВДЕ.

Фотографиите, се разбира, веднаш ги преплавија социјалните мрежи, а луѓето беа во неверување.