Објавена е фотографија од напаѓачот во Париз: Убил едно лице, а ранил уште едно лице поради оваа причина (ФОТО/ВИДЕО)

– Полицијата го уапси напаѓачот, кој нападна минувачи во Париз, во близина на кејот Гренел. Едното лице починало, а другото е рането и веднаш им помогнале припадниците на противпожарната единица – изјавил на мрежата „Х“ министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Агенциите наведуваат дека осомничениот извикал „Алах е голем“, но дека досега никој не можел да ја потврди оваа информација.

Медиумите јавуваат и дека при апсењето и” рекол на полицијата дека тоа го направил затоа што бил вознемирен што „толку многу муслимани умираат во Авганистан и Палестина“.

На објавената фотографија е осомничениот за нападот. Станува збор за дваесет и шестгодишен француски државјанин, идентификуван како Арман Р.

Медиумите јавуваат дека тој веќе им е познат на безбедносните служби. 

Според документите, тој е син на двајца ирански бегалци кои го прифатиле исламот во 2015 година, откако на тоа билe убедени од симпатизер на ИСИС.

Тој веќе отслужуваше четиригодишна затворска казна за планирање терористички напад во 2016 година. 

Познато е и дека боледува од ментални нарушувања.