“ВОЈНИТЕ СЕ НЕПРЕДВИДЛИВИ“ – Јенс Столтенберг порачува: “Треба да се подготвите и за лоши вести од Украина“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, вели дека војните се инхерентно непредвидливи и дека „треба да се подготвиме и за лоши вести од Украина“.

Јенс Столтенберг, во интервју за германската телевизија ARD, одговарајќи на прашањето дали стравува дека ситуацијата во Украина ќе се влоши во иднина, порача дека војните се одвиваат етапно, но дека „мораме да ја поддржуваме Украина и во добри и во лоши времиња“.

Осврнувајќи се на ситуацијата на фронтот, Јенс Столтенберг вели дека нема значаен напредок во изминатите неколку месеци.

Тој не прогнозираше понатамошни настани, наведувајќи дека „војните се инхерентно непредвидливи“.

Но, знаеме дека колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо ќе заврши војната“, нагласува Јенс Столтенберг.

Тој оцени дека Украина е во „критична ситуација“, но не одговори на прашањето како треба да дејствува командата во Киев.

Донесувањето на овие тешки оперативни одлуки им го оставам на Украинците и воените команданти“, порача Јенс Столтенберг.