Најмалку две лица загинаа при пад на хеликоптер во Виетнам

Две лица загинаа откако хеликоптер се урна во близина на природниот резерват Ха Лонг Беј во североисточниот дел на Виетнам.

Со хеликоптерот Бел 505, произведен во САД, управуван од припадник на виетнамските вооружени сили, се превезувале четворица туристи.

Две безживотни тела и остатоци од хеликоптерот пронајдени се во близина на брегот, а започна потрага по исчезнатите патници.