Кога умре Драган Николиќ, Милена ми го подари неговиот брод! Раде Шербеџија откри детаљ кој никој не го знаеше: Таа ми се налути! (фото)

Легендарната југословенска актерка Милена Дравиќ остана запаметена по убавината и неповторливата актерска дарба. Таа уште со првото појавување ја воодушеви публиката ширум поранешна Југославија, која и денес ја сака исто како и првиот ден. Покрај беспрекорната актерска кариера, покојната актерка беше запаметена и по големата љубов кон Драган Гага Николиќ со кој беше до неговиот последниот ден.

Тие беа еден од омилените парови, а беа во среќен брак цели 45 години. Тие беа најголема поддршка еден на друг, а Милена иако беше омажена три пати, Драган и’ беше најголема љубов. Немаа деца, но имаа љубов кон сите околу нив, особено кон едно мало девојче.

-Ми се јави два месеци по смртта на Драган, кога бев во Белград и ми рече дека решила да ми го даде чамецот на Гага. Тоа беше нов брод. И’ кажав на Милена дека веќе имам два брода, дека тој не ми е потребен и и’ се заблагодарив. Но, таа ми се налути и ми рече: „Не биди глупав” и додаде дека таа ми го дава затоа што сака да имам спомен од Гага. Го префрлив во Хрватска и дозволив моите да го користат за транспорт на млади актери на проби и претстави. Сега е во флотата на театарот Улис во Бриони. На него пишува Гага, покрај сликата на мојот пријател Драган Николиќ како Попај во морнарска кошула. Сега, Драган Николиќ е секој ден со нас во текот на летото. Тој нè чува – рече Шербеџија.

Легендарната Милена Дравиќ почина на 14.10.2018 година.