Мајката на Новак Ѓоковиќ по потекло е од Славонија, а поради една работа не разговара со дедото на тенисерот (фото)

Дијана е по потекло од Винковци, а нејзиниот татко Зденко Жагар е Хрват од Винковци, а моментално живее во белградската населба Чукарица.

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои 24. Грен слем и на Вимблдон. Tој беше поразен од шпанското чудо од дете Карлос Алкараз, кој стана нов крал на тенисот.

Сепак, Ѓоковиќ и понатаму ја заинтригира јавноста, а хрватските медиуми особено се интересираат за неговата мајка Дијана.

Дијана е по потекло од Винковци, а нејзиниот татко Зденко Жагар е Хрват од Винковци, а моментално живее во белградската населба Чукарица. Тој смета дека по националност е Хрват затоа што е роден во Винковци и никогаш не почувствувал дека е Србин, а признал и дека извесно време не разговарал со мајката на Ѓоковиќ.

– По националност сум Хрват и роден сум во Винковци. На истото место е родена и мојата поранешна сопруга, бабата на Новак. Таму се сретнавме и се запознавме. Бевме офицери кои дојдоа да служат. Дојдов во Белград, таа сè уште одеше на училиште, па се венчавме подоцна кога таа ми се придружи. Така се роди Дијана, па Санда. Секогаш велев дека сум Југословен или Хрват, никогаш не сум бил Србин. Дијана е родена во Белград и пораснала таму – изјавил тогаш Зденко за порталот Нова С.

-Дијана ме обвини за разводот и не може да ми го прости тоа. Верувам дека секогаш се потребни двајца за сè. Колку што е крив мажот, толку е и жената. Меѓутоа, ќерка ми не можеше да го разбере тоа и целосно се огради од мене – открил дедото на тенисерот.