ВИДЕО | Девојче и теле се најдобри пријатели, видеото од нивната игра ги воодушеви сите: Едноставно преслатко

Мајка по име Рејчел Мороу им го разубави денот на корисниците на TikTok со симпатично видео од нејзината ќерка како си игра со своето младо теле, на кое го нарекоа Батонс.
Откако пред неколку дена го објави видеото на платформата, тоа е прегледано повеќе од три милиони пати.

На објавеното видео се гледа како мало девојче скока во сено, а по него младо и разиграно теле. Рејчел потоа додаде неколку дополнителни фотографии од овие мали слатки пријатели во видеото. Луѓето беа воодушевени од ова видео и ги споделија своите размислувања во коментарите.

„Ова е едноставно преслатко“, „Се надевам дека ќе добијат шанса да растат заедно, одлично видео!“, „Ова ќе биде спомен за неа цел живот“, „Изгледаат како да се забавуваат многу“, „Прекрасно!“, „Ви благодариме што го споделивте со нас ова преслатко видео“, се дел од коментарите.