МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА ИЛИЌ ЈА НАПАДНАЛА ПОЛИЦИЈАТА: „Ми ја уништивте куќата, ископавте се!“ Еве што вели таа за нејзините синови и нејзиниот уапсен сопруг

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека полицијата и ја уништила куќата и и го ископала дворот при претресот.

  • Денеска бев на гробишта, подготвив се за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив и кутија и цвеќиња и се… Во хаос сум, брзата помош пак ќе дојде – се пожали таа.

Конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека и ја „уништиле куќата“.

-Полицијата ми ја уништи куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокат – изјавила Светлана.

На крајот додала дека се уште не верува дека нејзиниот сопруг и децата учествувале во злосторството.

– Не знам ништо за сопругот, кој е во притвор, но сигурно му е тешко што му починал синот. Не знам ништо за убиството на Данка, не е можно моите синови да биле вмешани во тоа – изјавила Светлана.