АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ СТРАВ! Невреме низ цела Англија: Улиците блокирани, куќите завршиле во МОРЕ (ФОТО)

Велика Британија е погодена од страшната катастрофа што ја предизвика бурата Пиерик низ целата земја и ретко која област избегна од нејзините канџи.

Голем дел од земјата бил зафатен од жолти предупредувања за ветер и дожд. Невремето сега поминало, но штетите остануваат. Имено, најмалку 100 патишта, од кои голем дел се главни, се затворени низ државата.

Надлежните посочуваат дека многу дрвја се откорнати и блокирани главните сообраќајници.

Многу сообраќајни сигнали откажаа, па возачите се предупредуваат дека може да има доцнења.

Службите за итни случаи соопштија дека се справуваат со сериозни поплави во туристичкиот парк Медмер помеѓу Браклшам и Селси. Брзата помош на Југоисточниот брег потврди дека се испратени доволно луѓе за да помогнат во евакуацијата и спасувањето на голем број жители од локацијата. И во Западен Сасекс, реката Арун излета од коритата, оставајќи големи делови од областа под вода поради поројните поплави.

Во Корнвол, колибите на плажа беа изнесени во морето од силни ветрови, додека предупредувањата остануваат на сила низ големи делови на Шкотска со пообилни дождови кои се очекуваат да доведат до нови поплави подоцна денеска.

Остатокот од Велика Британија го погодија дождови и силен ветер. Метеоролозите најавуваат и снежни врнежи.