ВИДЕО | ДРАМА ВО ПАКИСТАН – Деца висат на височина од 274 метри над земјата: Спасувачите не можат да стигнат до нив, родителите врескаат: “Ситуацијата е хаотична!“

Вистинска драма се одвива во Пакистан – во тек е спасување на осум лица кои останале да висат заробени во жичарница над долина во северозападниот дел на земјата. Како што пишува BBC, меѓу осумте лица се шест деца и двајца учители.

Децата оделе на училиште кога еден од каблите се скинал, оставајќи ги да висат на 274 метри над земјата. Спасувачите се на терен, а воените хеликоптери исто така се обидуваат да ги спасат децата. Во моментов нема информации колку е успешно спасувањето односно акцијата.

BBC јавува дека осум патници биле заробени повеќе од четири часа пред да пристигне воен спасувачки хеликоптер. Инцидентот се случил околу 07:00 часот по локално време.

За волја на Бога, помогни ни“, рекол човек по име Гулфраз, заглавен во жичарницата, за пакистанскиот ТВ канал GeoNews по телефон, а тој воедно и потврди дека се вкупно осум лица заглавени.

Жичарата е заглавена на место каде што е речиси невозможно да се помогне без хеликоптер“, изјавил за AFP, Зулфикар Кан, претставник на пакистанската спасувачка служба – 1122.

Локален наставник изјавил за Dawn.com дека околу 150 луѓе секојдневно патуваат со опасната жичара до училиште поради недостаток на транспортна инфраструктура во областа.

Армијата започнала спасувачка операција во Батаграм, а снимките откриваат дека на лице место се два хеликоптери. На снимката објавена на Интернет се гледа како специјалците се спуштаат од хеликоптерот кон жичарницата, но брзо се повлекуваат, наводно поради силните ветрови.

Операцијата е комплицирана од бурните ветрови и фактот дека роторот на хеликоптерот може дополнително да ја дестабилизира жичарницата“, изјавил за медиумската агенција Reuters, спасителот Шарик Ријаз Катак.

слика
Пакистан

Едно од заробените лица преку мобилен телефон контактирало со пакистанската национална телевизија и молел за помош.

Таму сме веќе три часа, еден од учениците се онесвести. Сите ученици се на возраст од 10 до 15 години“, рекол човек по име Гулфараз и додал: „Ги гледам луѓето под нас. Само стојат и плачат…“.

Висината, силниот ветер и искривената жичарница ја отежнуваат спасувачката мисија во Пакистан. Хеликоптерот треба да лебди на одредена висина додека спасувачите на јажето се обидуваат да стигнат до заробените деца и наставниците. 

Неизвесно е и тешко. Треба да ги подигнат децата под одреден агол и да се погрижат жичарницата да не се преврти“, изјавил за тамошните медиуми водачот на спасувачката екипа.

Голем број луѓе ја следат спасувачката операција на падините во близина на местото на инцидентот. Меѓу нив се и родителите на децата, а тамошните медиуми објавуваат дека ситуацијата е прилично хаотична.