ВИДЕО | ДРАМА ВО ХОЛАНДИЈА – Гори голем брод со дури 3.000 луксузни автомобили: Екипажот се спасувал скокајќи во морето, а има и мртви

Крајбрежната стража на Холандија објави дека едно лице загинало, а неколку се повредени во пожар што избувнал на товарниот брод „Fremantle Highway“ кој пловел под панамско знаме, пренесува медиумската агенција Reuters.

Во моментот на пожарот, бродот се наоѓал во близина на северниот брег на Холандија, на околу 27 километри северно од островот Амеланд и 180 километри од Амстердам.

Бродот превезувал 2.857 автомобили од Германија до Египет, од кои 25 електрични, а според тамошните медиуми, токму еден од електричните автомобили бил причина за пожарот.

Кога избувнал пожарот, на бродот имало 23 членови на екипажот кои неуспешно се обиделе да го изгаснат пожарот. На крајот морале да скокнат во морето за да се спасат од пожарот и биле евакуирани со хеликоптери и префрлени во блиското пристаниште Лауверсог.

слика
Спасувачките екипи кои го евакуирале екипажот од запалениот брод
слика
Спасувачките екипи кои го евакуирале екипажот од запалениот брод

Според последните информации, службите за итни случаи се уште се недалеку од бродот зафатен во пожар.