ФОТО | ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ГРЦИЈА – Шумските пожари кои една недела го пустошат нашиот јужен сосед ослабнаа, но пожарникарите се уште се на терен

Шумските пожари кои една недела ја пустошат Грција, ослабеа во средата, но пожарникарите се уште се обидуваат да го стават под контрола оганот во кој животот го загубија три лица, а илјадници туристи мораа да бидат евакуирани.

Шумските пожари низ Грција стивнаа, но пожарникарите се уште се активни на неколку локации“, изјавил член на противпожарната бригада за соседните медиуми.

Пожарникарите се уште го гаснат пожарот на островот Евбеја, каде во вторникот загинаа двајца грчки пилоти кога нивниот противпожарен авион, кој фрлал водени бомби врз огнот, се урна и падна.

слика
слика

На грчкиот остров Родос, кој поради пожарот го напуштија повеќе од 20.000 странски посетители и локални жители, пожарникарите се борат со шумските пожари на три фронта.

Во вторникот со специјални авиони беа вратени околу 3.000 странски туристи кои претходно беа евакуирани од тој остров.

Островот Родос, многу популарна туристичка летна дестинација за странските туристи, обично во летните месеци го посетуваат околу 1,5 милиони луѓе. Грчката економија е во голема мера зависна од туристичкиот сектор, кој сочинува 18 отсто од БДП на земјата.

слика

Министерката за туризам на ГрцијаОлга Кефалогјани, тврди дека само мал дел од Родос е зафатен од шумскиот пожари и дека Министерството во соработка со хотелиерите бара начин да ги врати туристите на островот.

За жал, според локалниот гувернер, пожарот на Крф најверојатно бил намерно предизвикан.

слика
слика

Грчките острови се популарни туристички дестинации, особено за Германците и Британците.

Грција во последните недели ја погодија многу високи температури, а се очекува во среда живата во термометрите да се искачи над 44 Целзиусови степени. Во четврток се очекува благ пад на температурата.