ВИДЕО | ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ – Татко и син скокнале од височина од три метри: Се обиделе насилно да влезат во авионот – погледнете!

Авион на лет Истанбул Тел Авив за малку ќе добиел двајца не посакувани патници, татко и син. Двајцата имале план да се качат на авионот Anadolu Jet A320 кога вратите се затвориле.

Авионот денес во 13:10 часот по локално време требало да полета од Истанбул, од меѓународниот аеродром „Сабиха Гокчен“.

Татко и син, сакале да го запрат авионот што требало да полета, со влечно возило.

Како што може да се види на видеото објавено од турските медиуми, тие скокнале од висина од околу три метри од воздушниот мост.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Околу двајцата се собрале десетина луѓе и се обиделе да ги совладаат и да ги спречат да избегаат.