ВИДЕО | Емотивна сцена која ги стопи срцата на многумина: Никола Јокиќ целосно го промени својот изглед на лицето кога ја виде нејзе на трибините

Кошаркарите на Денвер Нагетс рутински ги победија Детроит Пистонс (131:114) на домашен терен, благодарение на извонредната партија на Никола Јокиќ.

Српскиот центар имаше крајно необичен настап на овој натпревар – натпреварот го заврши со четири поени, но забележа и 16 асистенции, седум скока и пет блокади.

Иако не беше на своето препознатливо ниво, барем кога станува збор за поентерски учинок, Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието.

Кога натпреварот заврши, со сериозен поглед на лицето, тој отиде во соблекувалната, а потоа на трибините ја виде својата наследничка Огњена и целосно се стопи.

Во истиот момент застана, и се насмевна, а потоа ги крена рацете и и мавна на својата принцеза.

Оваа емотивна сцена предизвика бројни позитивни реакции на социјалните мрежи.