ВИДЕО | Жена дознала дека нејзината ќерка ќе роди тројки, реакцијата го освои интернетот

Бремената Рејчел Флом, која веќе има двегодишно девојче, решила да и открие на мајка си дека чека тројки. Нејзиниот сопруг Џордан снимал се, а видеото од реакцијата на баба кое потоа го објавиле на Инстаграм брзо стана вирално и го освои интернетот.

Прекрасниот момент кога инфлуенсерката и ја соопштила на мајка и радосната вест има над 12 милиони прегледи на Инстаграм, а во видеото можеме да ја видиме Рејчел како ги прикажува фотографиите од ултразвук на нејзиниот лаптоп.

„Забележуваш ли нешто необично?“, ја прашала мајка си, која не можела да поверува дека на нивното семејство наскоро ќе му се придружат уште три мали членови, три момчиња. Емоционалната реакција е тешко да се опише со зборови.

Како што објаснуваат експертите, веројатноста за раѓање на идентични тројки зачнати по природен пат е еден на 200 милиони.