ВИДЕО | Жесток руски ракетен напад врз Лавов – уништена голема станбена зграда: “Повеќе мртви, луѓе се затрупани во урнатини!“
Најмалку четири лица го загубиле животот за време на руски ракетен напад врз градот Лавов во западна Украина, а спасувачките тимови трагаат по преживеани меѓу остатоците од разрушена станбена зграда, соопштија денес локалните власти.
„Три лица загинаа“, напишал градоначалникот Андриј Садови во објавата на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм. Тој вели дека улицата ќе остане затворена се додека работниците од итната помош не ги исчистат остатоците и не ги извлечат сите мртви.
Андриј Садови во претходна објава кажа дека осум лица се ранети, но не е јасно дали таа бројка ги вклучува и тројцата загинати. Тој вели дека се оштетени околу 60 станови и 50 автомобили за време на нападот.
Гувернерот на оваа област, Максим Козитски, објави видео од 13 секунди на кое се гледа уништената четирикатна станбена зграда со делови од горните катови исчезнати или во урнатини.
Најавите на официјалните лица уследија по широко распространети воздушни предупредувања низ Украина и извештаи за крстосувачки ракети кои влегле во украинскиот воздушен простор. Градоначалникот подоцна пријавил серија експлозии во градот.