ВИДЕО | ЗА САМО 40 СЕКУНДИ ДОБИ 1.000 ЕВРА – Погледнете зошто Теа Таировиќ ја нарекуваат ‘кралица на бакшишот’ – младата пејачка прави вистинско шоу за гостите
По ова видео, младата српска пејачка, Теа Таировиќ, и официјално може да ја добие титулата „кралица на бакшишот“ бидејќи ги собори сите рекорди по брзина на земање пари за секунди.
Имено, Теа Таировиќ настапила во Нови Пазар во Србија на приватна прослава каде ја опсипале со пари. Пејачката направила атмосфера за паметење, а тоа го наплатила навистина „дебело“.
Иако е сè уште млада на естрадата, Теа Таировиќ има сериозни хитови кои се играат на речиси сите прослави, а еден од најголемите е „Хајде“.
Токму во моментите кога таа го изведуваше тој хит, гостите станале на нозе да „дивеат“ со пејачката, а потоа започнале да ја опсипуваат со евра.
На видео-снимката која кружи на Интернет можеме да видеме како летаат банкноти од 100 и 200 евра, а во нејзините раце се гледа дека има над 1.000 евра собрани за само 40 секунди, колку што трае видеото.
Во еден момент таа едвај ги држи сите пари во раце, но топло им се заблагодари на сите што и дадоа бакшиш.