ВИДЕО | ‘ИЗБЕГНАЛ СИГУРНА СМРТ!’ – Вака изгледало пробното нуркање на ‘Титан’: Јутјубер пред трагедијата бил во подморница, е еве како ‘спасил глава’ од трагедијата!

Јутјуберот Џејк Келер, познат и како Далмид, објави видео што го снимил на истата подморница на OceanGate Expeditions, само неколку недели пред да експлодира подморницата која се движеше кон потонатиот брод „Титаник“, при што загинаа пет лица.

Далмид бил резервиран за патување на „Мисијата III“, но неговата екскурзија била откажана поради дефект на компјутерот и лоши временски услови – сетете се, трагедијата на подморницата „Титан“ се случи за време на „Мисијата V“.

Да не беше откажано моето нуркање, можев да завршам во таа подморница… Лудо е дури и да размислувам за тоа, но можев да завршам како петте луѓе кои неодамна ги загубија животите во ‘Мисијата V’“, изјавил Јутјуберот, кој себеси се нарекува „ловец на богатство“.

Во видеото, кое трае нешто повеќе од 25 минути, Далмид опишува деветдневно патување на кое отишол со својата девојка. Иако неговото патување било откажано, тој спровел пробно нуркање, во кое бил вклучен и извршниот директор на OceanGateСтоктон Раш, кој подоцна почина на пат да ги истражи остатоците од „Титаник во Аталнскиот Океан.

Јутјуберот зборува и за покојниот Пол-Анри Наргеолет, француски истражувач на длабочините и експерт за „Титаник“, кој исто така загина во подморницата. Пол-Анри Наргеолет му потпишал парче хартија на Џејк, за кое Џејк тврди дека може да биде неговиот последен потпис.

Билетите за експедицијата на „Титан“ чинат околу 250.000 долари, но Џејк вели дека не платил за неговата – туроператорот сакал јавно да го сподели искуството со своите 13,4 милиони следбеници на Јутјуб.