Венеција од денес наплаќа влез во градот! Еве колку чини билетот

Венеција од денеска почнува да го наплаќа влезот во градот за туристите кои доаѓаат на еден ден.

Оваа мерка е донесена со цел да се намали притисокот врз Венеција , која тоне под тежината на масовниот туризам.

Посетителите кои доаѓаат на еднодневно патување од денеска ќе треба да купат билет од пет евра, кој ќе го контролираат инспекторите на клучните локации. 

Минатата година 3,2 милиони туристи поминаа барем една ноќ во стариот град, но десетици илјади луѓе преку ден се слеваа на тесните улички на градот, честопати од бродови за крстарење, за да ги видат знаменитостите, вклучувајќи го и плоштадот Свети Марко.

Целта на воведувањето билети е да се поттикнат дневните патници да доаѓаат во поретки периоди со цел да се намали гужвата, пренесува Хина.

Билетите ќе може да се резервираат преку Интернет и ќе покриваат 29 денови на шпиц помеѓу 25 април и 14 јули.