Таа скокна во шок и истрча назад во станот
Марија Григорјан Вучковиќ на својата страница на Инстаграм објави необично видео и ги предупреди луѓето да бидат внимателни за време на невремето.
Имено, таа излегла на терасата и за малку ќе настрадала кога гром удрил во семејната зграда.
Излегов да земам крпа, не очекував гром да удри во терасата, бидејќи наоколу има огради и дрвја“, напиша таа.
„Запомнете: тенди, шатори и настрешници нема да ве заштитат од гром. Доколку се навлажни, ќе претставуваат дополнителна опасност, бидејќи водата е добар спроводник на струјата “, додаде Марија.
Во шок скокнала и потрчала назад во станот и за среќа се поминало без последици.
Инаку, Марија од Москва се преселила во Загреб, каде основала семејство, а работи како новинарка и ТВ водителка.