ВИДЕО | ИЗРАЕЛ ОБЈАВИ СНИМКА ОД ТУНЕЛОТ НА ХАМАС – Дали ова е влезот во подземниот град на милитантите !?

Израелската Армија објави видео на социјалната мрежа Х (Твитер) на кое се гледа како што тврдат тунел на Хамас долг 55 метри кој се наоѓа на длабочина од 10 метри под болницата „Ал-Шифа“. 

Овој тип на врати се користи од страна на терористичката организација Хамас за да ги спречи израелските сили да влезат во командниот центар и подземните средства што му припаѓаат на Хамас“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Влезот во тунелот содржи одбранбени механизми, како што се врата отпорна на експлозија и простор за водење битки односно пукање“, додаваат тие во објавата.

Отворот кон тунелот е откриен покрај возило во кое имало RPG, експлозиви и пушки“, соопшти ИДФ во описот на видеото кое што можете да го погледнете ОВДЕ.

Израелските сили со недели тврдат дека Хамас има команден и контролен центар под „Ал-Шифа“, што групата и медицинскиот персонал во болницата го негираат.

Минатата недела, САД соопштија дека нивните разузнавачи на сличен начин сугерирале дека Хамас има мрежа од тунели под „Ал-Шифа“.