ВИДЕО | ЖЕСТОК НАПАД ВРЗ СРЦЕТО НА РУСИЈА! Системите за одбрана на Москва итно активирани, се огласи и градоначалникот на руската престолнина

Градоначалникот на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин, утрово на својот профил на социјалната мрежа Телеграм итно се огласи по жестокиот напад врз Москва кој се случил во текот на ноќта.

Според информациите, системите за против-воздушна одбрана го одбиле нападот со дронови кои летале кон Москва, но нема жртви или материјална штета, пренесуваат странските медиуми.

Системите за против-воздушна одбрана го одбиле нападот со дрон кој летал кон Москва, прелиминарно нема жртви или материјална штета“, објави градоначалникот на Москва.

Силите за против-воздушна одбрана во областа Електростаљ во градот одбија напад на беспилотно летало кое леташе кон Москва. Според прелиминарните податоци, на местото каде што паднале остатоците од дронот нема штета или жртви. Специјалисти за итни случаи работат на лице место“, се вели во пораката на Сергеј Собјанин.

Според првите информации, станува збор за украинско беспилотно летало, а Украина се уште не се изјаснила за овој инцидент. На социјалните мрежи кружат и неколку снимки од нападот, а видета можете да ги погледнете ОВДЕ.