ВИДЕО | Илјадници луѓе на погребот на убиената жена во Градачац

Членови на семејството, роднини, пријатели и многу граѓани се собраа на последното збогување на Низама Хеќимовиќ, која во петокот во Градачац, Босна и Херцеговина, ја уби нејзиниот партнер Нермин Сулејмановиќ.

Стотици ожалостени се собраа пред родната куќа на Низама, а поворката заедно со телото потоа се упати кон џамијата во Градачац, каде што беше извршен погребот.

Меѓу собраните на погребот на Низама Хеќимовиќ немаше ниту политичари ниту функционери, што беше желба на членовите на нејзиното семејство.

Во Сараево, Мостар и Зеница денеска ќе се одржат протести поради тројното убиство во Градачац. Она што граѓаните сакаат да го посочат е проблемот со насилството врз жените во Босна и Херцеговина и неуспесите што доведоа до уште еден фемицид.

Жената која беше ранета во петокот во Градчац е во стабилна состојба додека полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за утврдување на сите околности кои довеле до ова злосторство.

Од Клиничкиот центар во Тузла потврдија дека Хариса Ондер, жената која беше застрелана од Нермин Сулејмановиќ, која беше донесена во болница во критична состојба, сега е будна и свесна.

Нејзиниот сопруг и син, Џенгиз и Денис, ги убил Сулејмановиќ веднаш откако ја убил поранешната сопруга Низама Хеќимовиќ, а во исто време ова злосторство го пренесувал во живо на социјалните мрежи.

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека е утврдено дека тој пренос го гледале повеќе од 15 илјади луѓе.

Сулејмановиќ се самоуби кога полицајците го опколиле.