ФОТО | Софија Вергара блесна по разводот: Убавата актерка безгрижно се забавуваше со семејството, а нејзините облини како и секогаш и беа во преден план – погледнете

Софија Вергара не престанува да се забавува по разводот, а овој пат реши да му покаже на својот поранешен сопруг, Џо Манганиело, што испуштил.

Оваа атрактивна 51-годишна жена, најпозната по улогата на Глорија во хит-серијата „Modern Family“, минатата сабота заминала на роденденот на нејзината сестра Вероника Вергара и ги остави сите без зборови во тесен син фустан. 

Софија Вергара, која е во екот на разводот со Џо Манганиело, ги покажа своите облини во споменатиот впечатлив фустан, кој го спои со сребрени дијамантски нараквици, високи црни потпетици и соодветна чанта.

Актерката се забавувала во пријатното друштво на нејзината сестра, внуката Клаудија Вергара, нејзиниот син Маноло Гонзалес Вергара и нејзината пријателка Маргарита Хајлброн, а сите се собрале по повод роденденот на нејзината сестра, пренесува Page Six.

слика
Софија Вергара

Исто така, таа сподели неколку клипови од забавата во нејзините објави на социјалната мрежа Инстаграм каде таа танцува во познат ресторан во кој ДрејкЏастин Бибер и Кајли Џенер обично го посетуваат.

Да потсетиме, многу обожаватели на Софија Вергара претходно забележаа дека таа повеќе не го носи својот прстен на фотографиите и дека Џо Манганиело не е со неа на патувањата, што навестуваше скорешен крај на нивниот брак. Набргу по необичната порака на Џо Манганиело за нејзиниот роденден, Page Six ексклузивно откри дека двајцата се разделуваат по седум години брак.