ВИДЕО | Инфлуенсерка го истетовирала името на нејзиното момче на сред челото, а потоа ги шокираше сите со нејзината исповед: “Требаше да ја послушам мајка ми…“

Инфлуенсерката Ана Стансковски сакаше да испрати силна порака на Интернет, а и успеа бидејќи нејзините две видеа на социјалната мрежа Тик Ток станаа вирални. 

Првото видео кое стана популарно на социјалните мрежи е со името на нејзиното момче кое го истетовирала на средината на нејзиното чело, а во тоа видео таа вели дека не жали што на челото и пишува – „Кевин“.

Сега Ана Стансковски, која има доста тетоважи на телото, објави ново видео и ги шокираше сите со признавањето дека се работи за лажна тетоважа, која потоа лесно ја избриша со марамче од челото.

Сè што сакам да кажам е дека се каам за моите тетоважи, но не и за оваа. Бидејќи ова всушност не е вистинска тетоважа. А причината поради која го измамив целиот Интернет е затоа што имам порака до младите и сите луѓе кои сакаат да се тетовираат“, вели таа во видеото кое е прегледано 33 милиони пати.

Сакам сите да знаат дека се покајав за моите тетоважи и дека можеби ќе се каете и вие за вашите кога ќе остарите. Како личност која е целосно покриена со тетоважи, чувствувам дека е моја одговорност да зборувам за ова, да го споделам моето искуство. Кога луѓето ме гледаат на социјалните мрежи, првото нешто што го забележуваат кај мене се моите тетоважи. Значи, ако сакам да влијаам на луѓето, сакам да влијаам врз нив на вистински начин, а не поради тетоважите…“, објаснува таа.

Се сеќавам дека пред десет години кога ги направив првите тетоважи, мајка ми и моите пријатели постојано ми велеа – ‘Ана, ќе се каеш за твоите тетоважи’, а јас не послушав. Можеби затоа што немале тетоважи. Меѓутоа, ако тоа ми го кажеше личност која е покриена со тетоважи и вели дека се кае за нив, ќе послушав“, го раскажува таа своето искуство.

Коментарите на ова видео беа различни, некои ги поддржува нејзините размислувања, додека други ја „осудија“.

Се заљубив во мојата нова тетоважа исто како што сум заљубена во моето момче Кевин. Јас сум на мислење дека ако навистина сакаш некого, тоа треба да го покажеш и докажеш. Со други зборови, ако вашата девојка не сака вашето име да биде истетовирано на нејзиното лице, треба да најдете друга девојка бидејќи очигледно не и се допаѓате. Да, и така се изразува љубовта. А што се однесува до сите вас кои ми кажавте дека ќе се каам за одлуката и дека јас и Кевин ќе раскинеме еден ден, сакам да ви кажам на сите дека вака ги изразувам моите чувства“, вели таа во првото видео со што ги збунила корисниците на Тик Ток, но некои веднаш се посомневаа дека не се работи за вистинска тетоважа што на крајот испадна така.