ВИДЕО | “ИСТОЧНА ЕВРОПА Е СЛЕДНА!“ – Шокантно интервју на еден од најклучните генерали на Владимир Путин: “Украина е само почеток, војната нема да запре тука“

Клучниот руски генерал, кој беше промовиран оваа недела од рускиот претседател Владимир Путин, смета дека инвазијата на Украина е само „отскочна штица“ за понатамошен конфликт со Европа, пишува Newsweek.

Оваа недела Владимир Путин го унапреди генерал-полковникот Андреј Мордвичев во чин генерал-полковник. Овој висок офицер веќе служел како командант на Централниот воен округ и на руската централна група на сили во Украина.

Во неодамнешното интервју за државната телевизија Russia-1, чија снимка почна да кружи на социјалните мрежи во саботата, Андреј Мордвичев вели дека верува оти војната на Владимир Путин ќе трае долго, а во иднина – ќе се прошири!

Мислам дека ќе поминеме многу време овде. Бесмислено е да се зборува за одреден период. Ако зборуваме за Источна Европа, што ќе мораме, секако дека ќе биде подолго“, рекол генералот во интервјуто.

Украина е само отскочна штица ?“, го прашал новинарот кој го интервјуираше генералот на што тој одговорил:

Да, апсолутно. Тоа е само почеток“, рекол Андреј Мордвичев, кој тврди дека – „војната нема да запре тука“.