ВИДЕО | Италијанците веќе го прогласија голот на сезоната: Погледнете ја “бомбата“ на Интер од 40 метри

Фудбалерите на Интер се вратија на врвот во италијанското првенство со рутинска победа од 2:0 (1:0) на домашен терен против Фросиноне во последниот натпревар од 12. коло.

Интер поведе со одличниот гол на Димарко (43′) од повеќе од 40 метри кон крајот на првото полувреме, а Чалханоглу (48′) ја потврди победата од пенал на почетокот на вториот дел.

Италијанците веќе го окарактеризираа голот на Димарко како гол на сезоната.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НЕВЕРОЈАТНИОТ ГОЛ ТУКА.

Интер сега има 31 бод, два повеќе од Јувентус, додека Фросиноне е 12. со 15 бодови.