СКАНДАЛ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП – Бугарите немаат стадион каде може да играат !?

Бугарите се погрижија за веројатно најголемиот скандал во квалификациите за ЕП, бидејќи на три дена пред натпреварот против Унгарија е неизвесно дали воопшто ќе се случи. Бугарија многу лесно може да остане без бодови и пред натпреварот кој треба да се игра в четврток, бидејќи нема стадион за играње.

Имено, локалниот фудбалски сојуз без претходна консултација го пресели натпреварот од Софија во Пловдив. Меѓутоа, проблемот е што работите за реконструкција на стадионот „Ботева“ таму никаде не се завршени. Сопственикот на фирмата ангажирана во работите го известил градоначалникот на ПловдивЗдравко Димитров, дека поради ова не може да ја гарантира безбедноста на гледачите. Притиснат од тој апел, градоначалникот одбил да ја потпише согласноста за одигрување на натпреварот. Секако, тоа не наиде на одобрување кај челниците на Фудбалскиот сојуз на Бугарија кои наводно кажале дека натпреварот ќе се игра или во Пловдив или никаде на друго место и по цена да биде регистриран со службен резултат 3:0 во корист на Унгарија.

Инаку, Бугарите одамна ги загубија сите шанси за пласман на ЕП, моментално се последни во својата квалификациска група со само два освоени бода.