ВИДЕО | “КАДЕ БЕВМЕ ЛАНИ, ТАМУ СМЕ И ДЕНЕС!“ – По долга пауза повторно се јави Бранко Црвенковски – експретседателот има нова идеја за евроинтеграцијата, еве што предлага!

Европската унија нема план што ќе прави со себе“, смета експретседателот на Македонија, Бранко Црвенковски. Нему му пречи статус-кво ситуацијата, со оглед дека нема напредок во процесот на пристапување во ЕУ. Во неговото излагање ја пофали иницијативата Отворен Балкан, но најде и замерки кај истата.

ЕУ нема план што ќе прави со себе, а како резултат на тоа и што ќе прави со Западен Балкан. Постојано слушаме едни исти мантри од страна на ЕУ, дека останува политиката на отворени врати, а од страна на земјите во регионот, дека полноправното членство во ЕУ е единствената опција за која не постои алтернатива. За жал резултатот од тоа е статус-кво ситуација. Во вакви околности кај нас имаме избор меѓу две опции, првата е да останеме пасивни, да чекаме и да се надеваме на чудо, на некаков радикален пресврт кој ќе го забрза процесот или да бидеме иницијативни и да даваме идеи кои ќе значат исчекор и ќе обезбедат одредена интегрираност и пред полноправното членство во ЕУ. Притоа, да ни биде јасно дека ниту една иницијатива нема шанси да биде разгледана а камо ли прифатена од ЕУ, ако дојде од било која држава. Единствено заеднички усогласен предлог од сите земји во регионот може да предизвика внимание и да се најде на дневен ред во Брисел. Како алатка за оваа цел, можат да бидат искористени формите за меѓународна соработка или нова создадена за оваа намена“, изјави Бранко Црвенковски.

Поранешниот претседател, исто така се сомнева дека ќе има напредок во пристапот на Западен Балкан во Европската унија. Тој кажа дека Северна Македонија нема започнато преговори со ЕУ. Тој посочи дека ниту соседните држави кои чекаат полноправно членство немаат значајни исчекори.

Подготвувајќи се за денешниов настан го прочитав и моето обраќање пред вас од мај минатата година. Што заклучив ? Дека за жал можам да го прочитам истиот текст и денес и ништо важно нема да пропуштам. Таму каде што бевме лани се наоѓаме и сега без видлив и сериозен напредок. И тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земји од регионот без разлика дали ќе го нарекуваме југоисточна Европа или Западен Балкан. Единствен исклучок можеби е Албанија за која беше донесена одлука за почеток на преговорите. Ние ги отворивме, но не ги започнавме преговорите. Како што стојат работите тешко е да се предвиди дали и кога тоа ќе се случи. БиХ доби кандидатски статус но со 14 строги услови и без можност да ги користи фондовите кои следуваат за земја кандидат. Посебна приказна се Србија и Црна Гора, земји кои преговорите ги почнаа пред цели 9 односно 11 години. Токму со образложение дека процесот на преговори со нив тече споро“, кажа Бранко Црвенковски.

Тој потсети дека поради промена на методологијата за отпочнување на пристапните преговори, во октомври 2019 година, Македонија не ги почна преговорите со ЕУ.

Овој текст е превземан од веб-страницата www.makfax.com и целиот можете да го прочитате ОВДЕ.