ВИДЕО | Какво ‘понижување’ за принцот Хари! Меган Маркл му кажа не на сопругот пред 20.000 луѓе: Се обиде јавно да ја бакне но доби само ‘студен туш’
Меган Маркл и принцот Хари се снимени на кошаркарскиот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис, а камерите ги уловија во незгоден момент.
Камерите го фатија Хари како се обидува да ја бакне Меган, што навистина тоа на неа не и се допадна, а таа го одби со насмевка на лицето, а тоа го видоа 20.000 луѓе кои биле во салата со нив, меѓу кои и Ким Кардашијан, Адам Сендлер и Шон Диди Комбс.
Тоа беше нивното прво појавување во јавноста по еден месец и откако објавија дека Меган нема да присуствува на крунисувањето на таткото на Хари, кралот Чарлс, во Велика Британија, на кое тој самиот ќе присуствува.
Илјадниците луѓе почнале да ракоплескаат и навиваат, охрабрувајќи ги да се бакнат, а Хари потоа се наведна да ја бакне неговата сопруга, но таа се насмеа и го фати за рака наместо да ја израдува публиката, по што тој одеднаш стана многу сериозен.
Сепак, и покрај ова, изгледаше дека добро се забавуваат, а нивното видео беше споделено и на официјалниот НБА профил на социјалната мрежа Твитер со ознака #NBACElebRow. Меган за таа прилика избрала светло розево одело со кратки панталони, а Хари темно одело под кое носел бела маичка каде и двајцата навистина се препуштиле во навивањето и биле понесени од атмосферата.