ВИДЕО | КАКВО ШОУ НА ‘КРАЛОТ’! Сите се прашуваат како тој се уште го прави ова: ЛеБрон Џејмс донесе голема победа на Лејкерс, а еден потег стана хит на социјалните мрежи

На крилата на маестралниот ЛеБрон Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Лос Анџелес Клиперс со резлутат 130:125 во големото дерби на Лос Анџелес по продолжение.

Популарниот „крал“ играше игра за паметење. Човекот кој во декември ќе го прослави својот 39-ти роденден го заврши натпреварот со 35 поени, 12 скока, седум асистенции и три блокади.

Во една акција на неговиот тим, тој успеа да ја соблече патиката која го мачеше, да ја врати повторно и да стигне до другата страна на теренот и да направи монструозно забивање.

Видеото од овој нереален потег на искусен кошаркар брзо стана вирален хит, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Интересно, ЛА Лејкерси со овој триумф ја прекинаа црната серија од 11 последователни порази против ЛА Клиперс. Тие го победија својот градски ривал за првпат од 2020 година.