Хорор во воздух: Се запали авион со 150 патници! (ВИДЕО)

Според извештаите, во авионот има над 150 луѓе, меѓу кои 50 патници од Непал.

Пожарот избувнал во еден од моторите на авионот веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродром Трибхуван.

Извори од аеродромот соопштија дека во авионот имало над 150 луѓе, меѓу кои и 50 патници од Непал.

Тие изјавија дека авионот што летал за Дубаи се вратил назад и се обидувал принудно да слета на аеродромот. Сепак, министерот за туризам на Непал информираше дека авионот сега е насочен кон Дубаи.

КАКО Е ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА?

„Авионот го исклучи моторот извесно време откако наиде на проблем и сега продолжува кон својата дестинација без да слета на аеродромот во Катманду“, изјави заменик-директорот на Управата за цивилно воздухопловство на Непал, пренесе приватен телевизиски канал.

Авионот полетал од меѓународниот аеродром Трибуван во 7:20 часот. Министерот за култура, туризам и цивилно воздухопловство Судан Кирати на својот Фејсбук профил сподели дека авионот на ФлајДубаи лета безбедно до својата дестинација и ги повика сите да не се грижат за тоа.